НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Не очекува значително постудена седмица – Ќе има и дожд и снег!

Во новата седмица која што ни претстои во Македонија ќе имаме многу промелниво и постудено време за разлика од сега, и тоа поради продорот на постудена воздушна маса од север. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд, особено од вторник па во деновите потоа. На планините над 1600 –  1700 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Особено од средината на седмицата снежната граница ќе се спушта, со што провејување на снег би можело да има и на повисоките населени места низ државава. 

Врнежите кои се очекуваат ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет.

Температурите позначително ќе се намалат, и наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, а локално и под нулата. Максималните дневни температури на воздухот исто така ќе бидат значително пониски за разлика од сегашните и ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 10 степени.

Во Скопје исто така очекуваме локален дожд во новата седмица и значително постудено време. На околните планини повремено ќе има услови за провејување на снег, наутро температурата ќе се спушта во интервалот од -2 до 3 степени, а максималната дневна ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 9 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

 







Занимливости