НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО САМО ЗА МАКЕДОНИЈА: Важи од 14 до 20 август!

објавено на:

13 Авг 2023

од:

сподели:

Новата седмица, односно од утре (понеделник) до недела (20 август) времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Сепак во попладневните часови локално ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (и тоа особено во вторник).

Температурите, како што најавивме, поради продорот на топол Африкански воздух на повеќе места ќе се искачуваат до околу, па и над 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат до околу 37, 38 степени. Ув индексот ќе има многу вусика вреднбост (вредност 8), и истиот нема да биде висок како првиот екстремно топол бран кој ја зафати нашата држава, но и целиот регион, како и поголем дел од европа.

Минималните температури пак ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 20 степени, што значи наутро понекаде сеуште ќе биде свежо.

Во Скопје  исто така особено во вторник попладне ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на неделата ќе дува и северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 15 и 17 степени, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 31 и 33 степени.

НАПОМЕНА: Топлотниот Африкански бран кој ќе ја зафати Македонија во текот на седмицата која е пред нас ќе биде со многу послаб интензитет за разлика од оној првиот кој беше екстремно топол.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.