НЕ ОЧЕКУВААТ ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 22 СТЕПЕНИ – ПОГЛЕДНЕТЕ КОГА НО И КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА И ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА!
Во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време. Ќе биде и НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО за овој период од годината.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец и истиот во понеделник и тоа Долж Повардарието и во источните предели ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.
Краткотрајно зголемување на облачноста ќе има само во понеделник. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -3 и 4 степени, додека максималните дневни ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 21 степен. Во текот на следната недела во најтоплите предели температурата се очекува да се искачи и до 22 степени.
Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и сончево време. Краткотрајно зголемување на облачноста ќе има во понеделник. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 15 и 17 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.
Инаку снежната покривка на планините и на Скијачките центри е значително намалена и сега истата на Попова Шапка изнесува околу 30 цм. Снежната покривка и понатаму ќе се намалува, со оглед на тоа дека температурите ќе бидат високи и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]