Не ги ставајте автомобилите во близина на дрвја, ќе дува силен ветер над 70 км/час

Полека интензитетот на врнежите од дожд и од снег во Македонија вечерва  и ноќва ќе слабее и тие до утре среда 18 февруари 2026 тие ќе престанат насекаде но дополнително ќе залади и тоа поради понатамошен продор на ладен воздух од север.

Ноќва  и утре среда 18 февруари 2026 особено претпладне ќе дува засилен до силен ветер од северен и од северозападен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Најсилен ветерот ќе биде долж Повардарието и во југоисточните предели.

И во Скопскиот регион во погоре споменатиот период ќе дува засилен до поовремено силен ветер од северен и од северозападен правец со брзина од над 60 км/час.

Поради очекуваниот силен ветер апелирам граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.







Занимливости