Наврнаа 17 литри дожд во Македонија, најниска температура од само 1 степен!

Денешното утро (понеделник 12 мај) во нашата Република Македонија беше многу свежо, а на повисоките и планинските места  дури и студено, па така најниска минимална температура до 8 часот утринава е измерена во Лазарополе, и тоа само 1 степен. Најмногу дожд во изминатите 24 часа, до 8 часот утринава наврна во Штип, и тоа 17 литри на метар квадратен.

На табелата моежете да ги погледнете денешните минимални температури на воздухот по градови и места во Македонија до 8 часот утринава, како и наврнатото количество на воден талог во изминатите 24 часа, исто така до 8 часот утринава, и тоа на мерните станици на УХМР.

Да напоменам дека поради локалноста на процесите, количеството на врнежи многу варира и истото на одредени места може да биде многу поголемо.







Занимливости