НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО И СЛЕДНАТА НЕДЕЛА: Погледнете ги очекуваните температури!
И во текот на следната недела продолжува натпросечното топло време во Македонија, но и пошироко во регионот. Меѓутоа ќе има нешто повеќе облачност, а повремено ќе има услови и за сосема слаб локален дожд, особено во вторник.
Ветерот ќе биде сосема слаб и од променлив правец, но одсега гледано, за време на следниот викенд ќе започне да засилува ветерот од јужен правец.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите места од Македонија.
Што се однесува до температурите на воздухот, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за некој степен под нулата. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 14 степени, додека кон крајот на работната недела, и за време на следниот викенд тие во најтоплите централни и југоисточни предели ќе надминуваат 15 степени.
Снегот сеуште го оставаме на чекање.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]