НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО И ПОНАТАМУ: За време на викендот длабок циклон ни носи промена на времето, врнежи и засилен јужен ветер!
До петок времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Само до крајот на денешниот ден ќе има повеќе облачност, а ќе има и појава на слаб локален дожд, на повисоките планини ќе провејува снег.
За време на викендот кај нас, но и пошироко во регионот ќе имаме поголема промена на времето, односно ќе бидеме под влијание на длабок циклон со центар над северна и северозападна Европа. Овој циклонски систем кај нас ќе донесе врнежи од дожд, снег на повисоките планини, како и засилен јужен ветер.
Повеќе детали околу оваа промена ќе имаме во следните метео објави.
Во Скопје овие денови ќе имаме слично време како и во останатите делови од Македонија.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу или малку над нулата, само понекаде температурата ќе се спушта за некој степен под нулата. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие повремено ќе надминуваат и 15 степени, што значи ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]