Натпросечно топла Божиќна вечер во Македонија – Температурите буквално насекаде кај нас се над нулата
Вечерва насекаде во Македонија имаме натпросечно високи температури на воздухот за овој период од годината. Највисока температура до 19 часот вечерва во Македонија е измерена во Демир Капија, и тоа 10 степени. Во исто време, најниска температура од градовите е измерена во Крива Паланка, и тоа 3 степени.

Инаку во текот на денешниот ден до 16 часот највисока максимална температура за денешниот ден беше измерена во Охрид, и тоа 13 степени. На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места во Македонија оваа вечер до 19 часот, и тоа на мерните станици на УХМР.
Висината на снежната покривка денес изнесуваше 43 сантиметри на Попова Шапка, 35 сантиметри во Маврово, и 10 сантиметри во Крушево.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во Македонија имаме ладно време со температури кои во најголем дел се под нулата и има појава на слана и на мраз. Времето е претежно ведро со мала локална облачност а дува и слаб до умерен ветер претежно од источен правец. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени вечерва до 21 часот во Македонија.


by