Најрано во последните 10 години: Зимското сметање на времето започнува наскоро!

објавено на:

27 Сеп 2025

од:

сподели:

Зимското сметање на времето оваа година започнува ноќта помеѓу саботата и неделата, на 25-ти и 26-ти октомври, кога во 3 часот наутро часовниците ќе се вратат еден час назад – на 2 часот,Она што е посебно за оваа година е што менувањето на часовникот се случува порано отколку во претходните години.

Последниот пат кога се забележа толку ранен датум за преминување на зимско сметање на времето беше пред повеќе од една деценија.

Иако деновите се уште се топли, есента полека се чувствува – ноќите стануваат постудени, а дневните часови очигледно се скратуваат.

Преминот на зимско сметање на времето носи дополнителен час сон, но и промена во дневната рутина. Зимското сметање на времето секогаш започнува последната недела од октомври, а датумот варира бидејќи последната недела од месецот не паѓа секогаш на истиот ден. Оваа година, тој датум е меѓу најраните во последните десет години.







Занимливости

  • 19 Јан 2026

    Камчатка, Русија – Ситуацијата со снегот во рускиот регион Камчатка оваа зима е оценета како екстремна, откако рекордни снежни врнежи целосно ги затрупаа градовите и населбите. На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии на кои се гледаат згради закопани до прозорците, улици претворени во снежни тунели и автомобили кои едвај се забележуваат под дебели слоеви снег. Камчатка буквално [...]