НАЈПРВО КРАТКОТРАЕН ТОПЛОТЕН АФРИКАНСКИ БРАН – ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ СИЛНИ ГРМЕЖИ И НОВИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ!
Топлотниот Африкански бран кој не зафати, нема долго да трае и истиот нема да ни донесе екстремно високи температури на воздухот. Температурите на воздухот овие денови на повеќе места ќе се искачат до околу, па и над 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат до околу 35 степени.
Меѓутоа, Атмосферата во следните денови се повеќе и повеќе ќе биде нестабилна, па најпрвин во планинските региони ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Особено МНОГУ НЕСТАБИЛНО повторно ќе биде за време на викендот и на многу места ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради МНОГУ ЗАГРЕАНАТА Атмосфера, и исполнета со МНОГУ ЕНЕРГИЈА, на повеќе места ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, ГОЛЕМО количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни и чести електрични прзнења, како и со појава на град (дури можно е истиот да биде од поголема величина).
Да напоменеме дека за време на викендот повторно постои опасност од појава на ЛОКАЛНИ ПОПЛАВИ, како и излевање на некои од реките низ Македонија.
Ако вака останат работите, за време на викендот ќе биде особено КРИТИЧНО, БУДНО се следи состојбата и развојот на времето, денес следуваат најнови информации околу ова ново ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ кое доаѓа за време на викендот.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]