Најпрвин дожд и грмежи на повеќе места – За викендот се враќа летото!
Во текот на денешниот ден очекуваме нова дестабилизација на Атмосферата кај нас. Тоа значи дека локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Овие процеси локално би можеле да бидат поинтензивни (во форма на невреме).
Потоа од утре, па за време на викендот следува нов период на стабилно, суо и топло време со не екстремно високи температури на воздухот, и тие тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.
Во Скопје и околината исто така денес ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа следува период на стабилно, суво и сончево време со повисоки максимални температури, кој ќе се искачуват во интервалот помеѓу 27 и 29 степени.
Мора да напоменеме дека ноќите и утрата и понатаму ќе бидат свежи, па токму поради ова најдобро би било со вас да си понесувате потопла облека за до своето работно место.
Умерен тополотен Африкански бран, кој не би требало да донесе екстремно високи температури кај нас, барем според сегашните анализи очекуваме во текот на следната седмица.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]