НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: Од викендот Џеновски циклон ни носи поинтензивни врнежи, грмежи и пад на температурите!
До сабота времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и натпросечно топло, а најтопло ќе биде во петок и сабота кога ќе дува ветер од јужен правец и повремено истиот ќе засилува на интензитет. Во петок и во сабота максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Повремено ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Под влијание на Џеновски циклон, од недела кај нас ќе има поголема промена на времето, повеќе врнежи, проследени со грмежи и со засилен ветер. Локално процесите ќе бидат застапени во форма на невреме, со силен ветер и со услови за појава на град. Температурите позначително ќе се намалат, и тоа за околу, а понекаде и за повеќе од 10 степени.
Почести врнежи и грмежи барем според сегашните анализи се очекуваат во текот на следната седмица, но и многу пониски температури на воздухот.
Овој Џеновски циклон ќе донесе вистинска есен во целиот регион, а во Алпскиот регион ќе донесе и поинтензивни врнежи од снег.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]