НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: Очекуваме нови врнежи од дожд во западните предели, а во среда насекаде низ Македонија!
Во следните часови ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од 60 до 80 км/час). Кон крајот на денов и во вечерните часови во западните предели повторно ќе има врнежи од дожд, локално поинтензивни и проследени со засилен до силен ветер од југозападен правец. Не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи.
Потоа во првите два дена од новата седмица ќе имаме преодно стабилизирање на времето, а нов поголем влажен бран од Атлантикот територијата на Македонија ќе ја зафати во среда и ќе донесе нови поинтензивни врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи и со засилен југозападен ветер.
Во Скопје и околината очекуваме слично време, а нови врнежи од дожд ќе има во среда.
Во следниот период продолжуваат натпросечно високите температури на воздухот, што значи не се очекува појава на мраз и на минусни температури наутро. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.
Барем според моменталните анализи, поголемо заладување на времето очекуваме околу средината на овој месец, а долготрајна стабилизација на времето не се очекува.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]