НАЈНОВА ВЕСТ: Освен во Европа, снегот и студот доаѓаат и на Балканот од следната недела!
Поголем дел од Европскиот Континент од недела ќе биде погоден од многу студен воздух кој се спушта од Арктикот и истиот ќе услови дури и снежни врнежи. Снег дури се очекува понекаде и на пониските места.
Од ова прво спуштање на поларниот вртлог ќе бидат зафатени и земјите од Балканот, особено Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина каде не се исклучува појавата и на првите мразени и на слана веќе од недела па натаму.
Освен ова, од средината на следната седмица ќе пристигне и првиот поинтензивен снег и снежна покривка, особено на планините. Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и на надморска височина од околу, па дури и под 1000 метри.
Локално на планините ќе наврне многу снег (над 50 цм).
Овој студен бран малку ќе се почувствува во Македонија, и тоа во текот на ноќта недела кон понеделник и ќе биде проследен со северен ветер, како и со локален дожд.
Се на се летото во срцето на есента ќе биде заменето со вистинска зима ширум стариот континент и на Балканот, но не и во Македонија.
Не се исклучува можноста првите снегулки на планините на Балканот да започнат веќе од недела.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]