НАЈНОВА МЕТЕО ВЕСТ: Антициклонот и стабилното и суво време во Македонија ќе се задржат до крајот на месецов!
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), како и на стабилна и сува воздушна маса, до самиот крај од овој месец во Македонија ќе имаме стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе биде и претежно тивко.
Наутро останува студено и со појава на магла по котлините и по речните долини, која во текот на денот ќе се расчистува. Преку денот ќе имаме пријатни температури и истите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 23 степени.
Во Скопје и околината, до самиот крај од овој месец времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде и претежно тивко, па наутро ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност, која во текот на денот ќе се расчистува. Температурите остануваат без промени и преку ден ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 22 и 23 степени.
Уживајте додека можете во преубавите сончеви есенски денови со пријатни температури на воздухот.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во Македонија имаме ладно време со температури кои во најголем дел се под нулата и има појава на слана и на мраз. Времето е претежно ведро со мала локална облачност а дува и слаб до умерен ветер претежно од источен правец. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени вечерва до 21 часот во Македонија.


by