НАЈНОВА МЕТЕО АНАЛИЗА: Свежи ноќи и утра – Не екстремно топли денови!
Во следните денови во Македонија ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува ветер претежно од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Исклучок ќе биде четврток, кога особено попладне ќе има појава на локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утрата и понатаму ќе бидат свежи со температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 18 степени во најтоплите југоисточни предели од државава. Максималните дневни температури пак ќе бележат тенденција на постепен пораст.
Особено повисоки максимални температури ќе имаме за време на викендот и тогаш тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 34 степени..
Во Скопје и околината во четврток ќе има услови за локална и краткотрајна појава на попладневна нестабилност. Ќе дува ветер претежно од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 10 и 14 степени, а пак максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 30 степени.
Барем според сегашните анализи со кој располагаме, умерен топлотен Африкански бран нашата територија ќе ја зафати во текот на следната седмица. Истиот нема да донесе екстремно високи температури на воздухот. Многу повеќе детали околу ова следуваат во следните метео објави од наша страна.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
За време на викендот поради продор на постуден воздушен бран, ќе имаме позначително опаѓање на температурите и истите ќе бидат потпросечни за овој период од годината. Исто така, ќе има и зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни [...]