НАЈНОВА МЕТЕО АНАЛИЗА САМО ЗА МАКЕДОНИЈА: Ќе имаме летни септемвриски денови!
Иако ветровито, сепак во следните денови ќе биде значително потопло преку ден, особено од петок па за време на викендот кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, што значи дека пред нас се пријатно топли летни септемвриски денови.
До четврток ќе има повеќе облачност, но и сончеви периоди и услови за повремен локален дожд и ретки грмежи, претежно во јужните и југозападните предели. Од петок и за време на викендот ќе имаме многу повеќе сончеви периоди, додека брзината на ветерот насекаде значително ќе се намали.
Сепак наутро ќе биде свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, а понекаде, особено во Малешевијата температурата ќе се спушти и под 10 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно стабилно и суво со сончеви периоди, но ветровито. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 15 и 18 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 28 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]