НАЈНОВА ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА: Во Македонија се очекува валкан дожд, помешан со Сахарска прашина и песок!
Под влијание на влажен воздушен бран од запад, до петок времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните предели и таму локално врнежите ќе бидат поинтензивни. До петок во западните предели локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог.
Локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. И понатаму ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.
Во Скопје и околината исто така ќе има услови за повремени врнежи од дожд, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
НАПОМЕНА: Поради силното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија се врши позначителен транспорт на прашина и песок, па така и атмосферата е многу заматена, а дождот кој се очекува ќе биде валкан.
За време на викендот пак ќе имаме стабилно и суво време со повеќе сонце, особено во недела.
Температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие можно е да се искачат и до 28 степени.
Барем засега нема никаква најава за поголемо заладување на времето.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]