НАЈНОВА ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА: Следува “Мини Лето” во Македонија – Температурата ќе надмине 30 степени!
Во периодот кој што ни следува, односно новата седмица ни носи “Мини Лето”, па така температурите, како наутро, така и преку ден ќе бидат во значителен пораст, а особено топло ќе биде преку ден кога температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени, а во централните и во југоисточните предели тие ќе надминат и 25 степени.
Во вториот дел од седмицата и за време на следниот викенд во погоре споменатите предели температурите се очекува да надминат и 30 степени.
Времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу сончеви периоди. Исклучок ќе биде денот вторник и тоа во попладневните и во вечерните часови кога во западните предели ќе има локален дожд и услови за појава на грмежи. Локални врнежи се очекуваат и во среда, а потоа од четврток ќе продолжи периодот на стабилно и суво време.
Да на поменам, промената на времето која се очекува во вторник попладне, како и во среда, нема да биде многу голема и ќе биде краткотрајна. Што значи дека пред нас е период на многу потопло време, во кое секако дека ќе можеме да уживаме.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]


by