НАЈНОВА ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Oд вторник промена на времето во Македонија – Следуваат врнежи!
Самиот крај на оваа 2023 година ќе го заокружиме со натпросечно топло време за овој период до годината, освен во котлините со магла и со ниска облачност каде температурите ќе бидат пониски.
Слично време ќе имаме и за време на новогодишната ноќ, стабилно, суво и не многу студено со температури кој ќе се спуштаат до околу, или за некој степен над нулата. Температури за неколку степени под нулата се очекуваат само на повисоките и на планинските места, а по котлините и понатаму ќе биде магливо и загадено.
Промена на времето и локални врнежи од дожд ќе има уште во првите денови од новата 2024 година, односно од вторник 02.01.2024. Сепак температурите остануваат без промени во однос на сегашните (натпросечно високи).
И во Скопје и околината продолжува магливото време, а и загаденоста ќе биде многу висока.
Вистинската зима секако дека ќе ни пристигне во јануари, според последните анализи околу 10 јануари, или нешто пред тоа. Едно е сигурно, а тоа е дека студот и снегот и тоа како ќе ги има кај нас на Балканот во периодот од 1 до 3 месец.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]

by