НАЈАВЕНИОТ ТОПЛОТЕН АФРИКАНСКИ БРАН КРАТКО ЌЕ СЕ ЗАДРЖИ КАЈ НАС – МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ЦЕЛА СЕДМИЦА!

објавено на:

18 Јун 2023

од:

сподели:

Топлотниот бран кој го најавивме и кој ќе започне уште од утрешниот ден, нема да биде долготраен и нема да донесе екстремно високи температури на воздухот. Највисока температура се очекува како и вообичаено во централните и југоисточните предели и таа локално во тој дел од државава ќе достигне до 35 степени.

Исто така, утре и во вторник времето ќе биде претежно стабилно и суво, додека од среда па натаму очекуваме нова дестабилизација на Атмосферата и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради топлотниот бран, но и поради енергијата во Атмосферата во седмицата која ни претстои има услови и за локална појава на град од поголема величина .

Како што најавивме и во долгорочните анализи за ова лето, долготрајна стабилизација на времето не треба да очекуваме. Временските непогоди и опасност од нови поплави треба да ги очекуваме во текот на целото ова лето.

Метеоролошкиот феномен “ЕЛ НИЊО” како што прогнозираат некој сајтови кај нас нема да донесе екстремна топлина, истиот носи поголема топлина ширум Европа, но не и кај нас. Напротив, ние ќе имаме лето исполнето со временски непогоди и поплави, на кои сме сведоци овие денови, дури постои опасност и од поголеми поплави (катастрофални).

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости