НАЈАВА ЗА УШТЕ ПОТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од петок (7.6.2024), па се до вторник (11.6.2024) температури до околу 40 степени
Под влијание на многу топла воздушна маса со петекло од северните предели на Африка, во Македонија од овој петок (7.6.2024), па се до вторник (11.6.2024) ќе имаме особено високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурите се очекува да се искачат дури до околу 40 степени.

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност, додека во попладневните часови не се исклучува можноста и тоа особено во планинските предели за појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје за време на овој топол бран и тоа во периодот од овој петок, па се до следниот вторник температурата ќе се искачи до околу 35 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност овие денови и ќе изнесува коефициент помеѓу 8 и 9.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]

by