НАЈАВА ЗА ТОПОЛ ВЕТЕР ОД ЈУЖЕН ПРАВЕЦ (НАД 60 КМ/ЧАС): Токму ова ќе придонесе за уште поголем транспорт на Сахарска прашина и песок кај нас
Утре и во вторник во Македонија ќе започне да дува топол ветер од јужен, а во вторник од југозападен правец. Повремено ветерот ќе биде со засилен интензитет (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Токму ова ќе придонесе за уште поголем транспорт на Сахарска прашина и песок над Македонското небо. Времето ќе биде многу мачно и спарно, а температурите утре и понатаму ќе бидат многу високи за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени.
Во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можеле понекаде да достигнат и до, па и над 30 степени.
Мало опаѓање на температурите, но и кратка и локална дестабилизација на времето очекуваме во вторник претпладне, кога е можна појава на локален краткотраен дожд кај нас.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by