НАЈАВА ЗА СНЕЖЕН БРАН И ЗНАЧИТЕЛНА СНЕЖНА ПОКРИВКА: Доаѓа вистинска зима во Македонија!
По краткотрајното и поголемо затоплување на времето, за време на викендот кој доаѓа, студен и снежен бран ќе ја зафати целата територија на Македонија.
Ќе има пообилни врнежи од снег, особено во западните предели од државава.
На планините ќе се формира снежна покривка од над 30 сантиметри, во градовите се очекува формирање на снежна покривка од 5 до над 20 сантиметри.
Сето ова ќе биде проследено и со засилен северен ветер.
Во Скопје исто така ќе има врнежи од снег, а ќе се формира и снежна покривка со висина до околу 10-15 сантиметри.
Најголем дел од Балканот овој викенд ќе биде зафатен од снежен бран и од вистинско зимно време, па затоа возачите да бидат крајно внимателни. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]