Најава за силно невреме, пороен дожд, грмежи, силен ветер и град во Македонија и регионот!
На убавото и натпросечно топло време во Македонија му доаѓа крајот, што значи дека под влијание на Џеновски циклон, во недела и во понеделник кај нас ќе дојде до поголема промена на времето.
На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера и тоа поради високите температури кои ги имаме овие денови, локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен јужен ветер (над 50/60 км/час), силни електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде покрупен.
Најинтензивни врнежи за време на овој циклон ќе има во западната половина од државава (локално над 30 л/м2 воден талог). Од понеделник ќе биде и посвежо со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.
И во Скопскиот регион очекуваме појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме.
Апелираме во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Инаку силно невреме овој викенд ќе има на многу места низ регионот, а можна е појава дури и на Суперќелијско невреме. Постои опасност од поплави.
Во алпскиот регион ќе има поинтензивни врнежи од снег.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]