Најава за краткотраен силен северен ветер (над 60 км/час) – Потоа ново “Мини лето”!

Утре во најголем дел од Македонија ќе дува засилен ветер од северен правец, повремено и локално тој ќе биде  и силен (над 60 км/час).  Токму ова ќе услови температурата да се намали за неколку степени и тоа во понеделник. Тогаш максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 17 до 24 степени.

Во деновите потоа продолжува така нареченото “Мини лето” со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

И во текот на следната седмица ќе имаме стабилно и суво време без врнежи.

Сепак нааутро ќе биде студено и минималните температурите на многу места ќе се спуштаат под 10 степени. Во Малешевијата тие ќе бидат уште пониски и ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 2  и 5 степени.

Според најновите излези на прогностичките модели, Мини летото би можело да се задржи во поголем дел од овој месец, затоа уживајте.

Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 7 и 14 степени, а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 24 и 28 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости

  • 24 Мар 2025

    Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]