НАЈАВА: Во четврток и во петок температури и до 18 степени – За време на викендот продор на студен бран од север и снег на повеќе места!
Во следните денови во Македонија ќе имаме многу променливо време. Особено во западните предели ќе има и појава на повремен локален дожд, во четврток и во петок ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец (локално и повремено со брзина од над 60 км/час). Токму ова ќе услови позначително затоплување на времето и натпросечно високи температури на воздухот.
Во четврток и во петок температурите на повеќе места ќе се искачат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат дури и до пролетни 18 степени.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време, односно позначително, но краткотрајно затоплување на времето во четврток и во петок кога ќе дува засилен јужен ветер. Тогаш температурата ќе се искачи до околу 12 степени.
Под влијание на нов влажен и студен воздушен бран од север, за време на викендот ќе имаме нови врнежи, кој поради наглото заладување на многу места ќе преминуваат во врнежи од снег, со што се очекува формирање на снежна покривка на повеќе места низ Македонија.
НАПОМЕНА: Поради наглите и големи температурни промени кој се очекуваат во следните денови, кај метеопатите се очекуваат позначителни здравствени проблеми.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]