НАЈАВА: Следната седмица доаѓаат првите температури од над 40 степени за оваа сезона!
Веќе на сите доста ние од секојдневните поројни врнежи и временски непогоди. Во текот на месец јуни, но и во овие први денови од јули, временските непогоди во Македонија, но и во целиот регион направија многу штети, истите предизвикаа и големи поплави на многу места.
Редно е да уживаме во вистинското лето и во првиот голем топол Африкански бран. Тие што ја сакаат плажата, сонцето и високите температури конечно ќе си дојдат на своето.
Следната седмица, територијата на Македонија, но и на целиот Балкански Полуостров ќе бидат под влијание на многу топла воздушна маса од северните предели на Африка. Ќе имаме многу сонце, како и стабилно и суво време.
Температурите кои се очекуваат кај нас ќе бидат многу високи, и особено од средината на следната седмица тие насекаде ќе се искачуваат над 30 степени, во Скопје и над 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија температурите ќе се искачат до околу 40 степени. Локално во овие предели температурата има можност да надмине дури и 40 степени.
Ув индекот ќе има многу висока вредонст, но за ова детали во деновите кои се пред нас.
Дали топлотниот Африкански бран кај нас ќе се задржи подолго време или не, останува да следиме и понатаму, па вие граѓаните навремено ќе бидете информирани за секоја ново – настаната временска состојба.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]