НАЈАВА: Покрај силниот јужен ветер, следува и валкан дожд!

објавено на:

11 Фев 2024

од:

сподели:

Изминатата ноќ бевме сведоци на многу силен ветер од јужен правец, предизвикан од длабок циклон со центар над Џенова. Силниот ветер ќе продолжи до крајот на денешниот ден и локално ќе достигнува брзина од над 60/70 км/час.

Под влијание на влажен воздушен бран, особено кон крајот на денешниот ден, во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд и локално тие ќе бидат обилни (над 20 л/м2), а не се исклучува можноста за ретка појава на грмежи. Снег ќе врне само на највисоките планини (над 2000 метри надморска височина).

Утре услови за провејување на снег ќе има и на планинските места со надморска височина од под 2000 метри, што значи температурите ќе бележат тенденција на опаѓање.

И во Скопје и околината кон крајот на денов и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а ќе продолжи да дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Температурите и денес ќе бидат релативно високи за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Наскоро следува детална неделна анализа на времето, за новата седмица која е пред нас.

 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости