НА ПОВИДОК НЕМА СНЕГ – ПРОДОЛЖУВА ДОЛГИОТ ПЕРИОД НА СТАБИЛНО, СУВО И НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО ВРЕМЕ!
Продолжува ДОЛГИОТ период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко, додека по котлините и понатаму ќе биде пооблачно и магливо, со што и температурите преку ден ќе останат пониски.
Во Скопје исто така останува пооблачно и магливо, но и релативно постудено.
Максималните температури ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 15 степени, додека локално истите ќе се искачуваат дури и над 15 степени.
За време на новогодишната ноќ, како и во првите денови на 2023 година продолжува стабилното и суво време со НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ температури на воздухот, снег нема да има и на Скијачките центри.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро (Велика сабота 19 април) во Македонија ни донесе сончево време со релативно високи температури на воздухот, а такво време не очекува целиот овој празничен викенд. На табелата можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.