На повеќе места во Македонија следуваат врнежи, грмежи и локално невреме
Почитувани, од запад и од северозапад во моментов према територијата на нашата Македонија се приближува поголема облачна маса, па така таа до крајот на денов и вечерва ќе услови на повеќе места да има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите можно е да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со услови за појава на град. Слично време ќе имаме и утре (сабота), кога особено во попладневните и во вечерните часови повторно на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме.
И во делови од Скопскиот регион денес и утре (сабота) ќе има појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, како и услови за појава на невреме.
Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Што се однесува до температурите, тие од ден на ден ќе бележат тенденција на постепено опаѓање.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во текот на оваа ноќ и утре (Вторник 11 ноември) во претпладневните часови на повеќе места во нашата Македонија продолжуваат врнежите од дожд а исто така од север ќе продре поладен воздух проследен со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Поради падот на температурите на високите планински места (над 2000 метри надморска височина) ќе има провејување [...]


by