На почетокот од март ни се враќаат мразевите и снегот на Балканот!
Како што и претходно најавив, почетокот на март месец ни носи нов продор на ладен воздух од североисток и од исток, истиот ќе услови појава на умерени до јаки мразеви ширум регионот, но и во нашата Република Македонија. Сето ова ќе биде проследено и со повремено засилен ветер од северен правец.

Покрај ладниот бран и северниот ветер, ќе има и врнежи кои поради продорот на ладен воздух ќе бидат од снег и во дел од градовите ширум регионот и во нашата Република Македонија. Се очекува и формирање на снежна покривка, особено во повисоките населени места и на планините. А помала снежна покривка е можно да се формира и на местата со надморска височина од под 1000 метри.
Наскоро следува детална и обновена метео анализа токму околу ова.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]

by