НА МНОГУ МЕСТА НИЗ МАКЕДОНИЈА ИМА ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ- СЛЕДУВА НОВО ОЛУЈНО НЕВРЕМЕ, А МОЖНИ СЕ И ПОПЛАВИ!
Под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од југоисток, како и на циклонска активност, вечерва, како и во следните десттина денови времето во Македонија ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНО, со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено од пладневните часови па натака.
Поради ЗГОЛЕМЕНАТА енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
Локално во следните десттина денови се очекува да наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 60-70 л/м2). Токму поради ова постои опасност од локални поројни поплави, па затоа АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на невреме.
Во Скопје и околината исто така во следните десттина денови ќе има честа појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.
Температурите во следните денови нема да се менуваат и насекаде ќе се искачуваат над 20 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат до близу 30 степени.
За стабилно, суво и многу потопло време без врнежи и понатаму ќе се изначекаме.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]