НАЈНОВИ МЕТЕО ДЕТАЛИ – ПОСЛЕДНИ ЗА ОВАА 2022 ГОДИНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ! СРЕЌНА НОВА 2023 ГОДИНА!
Новогодишната ноќ, како и првата седмица од новата 2023 година во Македонија ќе ја одбележи феноменот “Температурна Инверзија”, што значи дека на планините и повисоките места ќе биде потопло, а во низините и котлините постудено и со магла и со ниска облачност.
Магла и ниска облачност се очекува и во Скопската котлина, а воздухот ќе биде МНОГУ ЗАГАДЕН.
Температурите во следниот период и тоа особено на повисоките и планинските места ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, додека во местата со магла и со ниска облачност истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ.
НАЈАВА: Барем одсега гледано, Бел Божиќ НЕМА ВО НАЈАВА, што нзачи дека снежни врнежи нема да има и за еден од најголемите Христијански празници “Божиќ”.
НАПОМЕНА: Феноменот “Температурна Инверзија” продолжува во Македонија, што значи дека на повисоките и планинските места ќе имаме потопло, а во низините и котлините постудено време.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ, ОСОБЕНО ЗА ОВАА НОВОГОДИШНА НОЌ: Поради очекуваната магла и ниска облачност, препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПЛАЗЛИВОСТ во возењето!
Среќна и бериќетна нова 2023 година! Многу здравје, среќа, лубов и бериќет во новата 2023 година до сите граѓани!
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]

by