НАЈАВИТЕ СЕ ОСТВАРИЈА – ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ ЗА ОВАА СЕЗОНА И НА ПОПОВА ШАПКА! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ И ВИДЕАТА…
Како што најавивме, нашата територија денес се наоѓа под влијание на постудена воздушна маса од север која услови северен и североисточен ветер, како и намалување на температурите на воздухот.
Токму ова услови да пристигне и првиот снег за оваа сезона на Попова Шапка. Шапка денес се наоѓа под тенка снежна покривка и скијачкиот центар изгледа прекрасно!
За тоа како изгледа Попова Шапка во моментов можете да погледнете на следниот линк: Skimacedonia.mk!
Инаку и во следните часови на пониските места (градовите) се очекуваат повремени локални послаби врнежи од дожд, додека на планините во западните предели (над 1600 м.н.в) ќе има повремени послаби врнежи од снег.
Сепак од утре повторно времето ќе биде претежно стабилно и суво, но ќе растат условите за појава на магла и на ниска облачност низ котлините. Маглата локално би можела да биде и ГУСТА.
Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, додека од утре истите ќе бележат тенденција на мал пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени. Наутро ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]