НАЈАВА ЗА ПОСТЕПЕНО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО И НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ПРЕКУ ДЕН ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА!
Во Македонија и тоа под влијание на Антициклон, времето и во следните денови ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност.
Исклучок ќе биде само недела кога ќе има повеќе облачност и локално провејување на снег, особено на планинските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот во недела и тоа особено Долж Повардарието повремено ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.
Наутро температурите остануваа МНОГУ НИСКИ и понекаде и тоа особено во Малешевијата и на високите планини на северозапад ќе се спуштаат под -10 степени.
Максималните дневни температури пак ќе бележат тенденција на постепен мал пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени.
Понатамошен пораст на температурите и стабилно време ќе имаме и во текот на следната седмица со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ, додека наутро и понатаму ќе имаме негативни температури во поголем дел од Македонија.
Во Скопје и околината исто така продолжува стабилното, суво и сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено и тоа во недела ќе засилува на интензитет. Во недела исто така ќе има повеќе облачност и на околните планини ќе има услови за провејување на снег. Температурите наутро ќе се спуштаат до околу -7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 7 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]