МОЖНО ЗНАЧИТЕЛНО ПОРАНО ДА НИ СЕ РАЗБУДИ ПРИРОДАТА ОВАА ГОДИНА! ОВАА СЕДМИЦА СЕ ОЧЕКУВААТ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 23 СТЕПЕНИ…
Под влијание на НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛА воздушна маса која продира од југ, во Македонија во текот на оваа седмица времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево.
Зголемување на облачноста ќе има од четврток кога ќе започне да дува ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени додека максималните дневни ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОВИСОКИ од просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.
Во најтоплите централни и југоисточни предели овие денови температурите се очекува да се искачат дури до 23 степени.
Токму поради ова на планините и на Скијачките центри ќе продолжи топењето на снежната покривка.
Во Скопје и околината продолжува периодот на суво и невообичаено топло време за овој период од годината. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и 4 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 20 степени.
Ако продолжи ваквото време (НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО) оваа година ЗНАЧИТЕЛНО ПОБРЗО ќе започне будењето на природата кај нас.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]