МОЖНИ СЕ ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ КАЈ НАС: Обилните дождови продолжуваат
Целата територија на нашата Република Македонија на ден понеделник (10 Ноември) ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни и поројни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Локално ќе наврне поголемо количество на воден талог за 24 часа (над 30 литри на метар квадратен дожд). Токму поради ова можни се и локални поројни поплавувања.

Сето ова е поради влијанието на серијата на влажни воздушни бранови од Медитеранот кои кај нас условуваат да имаме обилни и поројни врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи како и со засилен ветер. Овие процеси локално ќе бидат застапени и во форма на невреме.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by