Моќен Џеновски циклон со себе ни носи обилни дождови, грмежи и силен јужен ветер (до 80 км/час)
Под влијание на моќен Џеновски циклон, во Македонија следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално поинтензивни и проследени со појава на грмежи.
Обилни врнежи од дожд на многу места низ Македонија ќе има во текот на ноќта петок кон сабота, како и во сабота. Локално ќе биде нестабилно и со појава на грмежи, а можни се и поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, со што локално е можна појава дури и на град.
Во петок, како и во недела ќе биде многу ветровито, односно на повеќе места ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од 60 до 80 км/час).
До недела локално во Македонија ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2, локално и над 50 литри дожд).
Во Скопје и околината очекуваме слично време, со поинтензивни врнежи од дожд во текот на ноќта петок кон сабота, но и во сабота. И во Скопскиот регион очекуваме засилен ветер од јужен правец.
Температурите, иако за неколку степени пониски, сепак и понатаму ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, додека за време на викендот тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степени.
- Апелираме доколку во следниот период се случат електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен јужен ветер препорачуваме крајна внимателност.
Невреме му се заканува на целиот регион, кој исто така е под влијание на овој моќен Џеновски циклон.
Во Алпскиот регион овој циклон условува интензивни врнежи од снег и вистинска зима.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (четврток 17 април) повторно во нашата Македонија помина во знакот на многу мачнен и спарен ден, со присуство на Сахарска прашина и песок во воздухот. Сепак, денес беше и значително потопло за разлика од изминатите денови, па така, до 17 часот попладнево во Струмица е измерена максимална температура од 27 степени. На табелата можете да ги погледнете [...]