Моќен Џеновски циклон овој викенд ни носи голема промена на времето – Силен јужен ветер (над 70 км/час), а од недела и обилни дождови!

објавено на:

07 Фев 2024

од:

сподели:

Моќен Џеновски циклон од овој викенд кај нас ќе ни донесе голема промена на времето, проследена со силен јужен ветер (повремено и локално со брзина од над 70 км/час), а од недела и со врнежи од дожд кој локално ќе бидат и обилни.

Не се исклучува можноста и за ретка појава на нестабилност, проследена со грмежи.

Поради силното јужно и југозападно воздушно струење, овој викенд од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде многу мачно.

Температурите на воздухот остануваат натпросечно високи, што значи дека топлото време продолжува.

Наскоро следува детална анализа на времето, и тоа поврзана околу овој моќен Џеновски циклон кој ќе ја зафати нашата држава.

 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.