МОЌЕН ЏЕНОВСКИ ЦИКЛОН НА БАЛКАНОТ ЌЕ ДОНЕСЕ ДУРИ ДО ОКОЛУ ЕДЕН МЕТАР СНЕГ!

Како што претходно најавивме, за време на викендот, и тоа особено во недела, како и во понеделник низ Балканот (особено во Словенија,  Хрватска, Босна и Херцеговина и делови од централна и западна Србија, како и планинските предели на Црна Гора ќе ги зафати вистинско СНЕЖНО НЕВРЕМЕ.

Сето ова ќе биде поради вцлијанието на МОЌНИОТ ЏЕНОВСКИ ЦИКЛОН и поради продорот на СТУДЕН воздух од север.

Локално ќе наврне и до 50 цм снег (и понекаде во градовите). Во Горски Котар (Хрватска) се очекува и до околу еден метар снег (100 цм).

Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат а сето ова ќе биде проследено со силен ветер од североисточен правец (на Јадранот СИЛНА БУРА).

Во Македонија од викендот ќе има врнежи само од дожд и тоа поради пристуство на потопол воздух од југ. Снег е можен само на највисоките планини а ќе дува и ЗАСИЛЕН јужен и југозападен ветер. Температурите кај нас ќе бележат тенденција на мал пад, што значи дека и понатаму ќе биде НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За време на викендот, особено во недела како и во понеделник нашите граѓани доколку планираат да патуваат во горе наведените Балкански држави, да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на НЕВРЕМЕ кое би можело да биде проследено и со грмежи, како и ОЛУЕН ВЕТЕР, особено долж Јадранот (можни се локални ПОПЛАВУВАЊА).

На картата која се наоѓа подолу можете да погледнете точно каде и колку снег ќе наврне низ Балканот до 28 февруари:

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!