Многу топол бран од југ во Македонија: Температурите одат до 40 степени!
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во нашата Република Македонија се до петок (15 август) времето ќе биде многу топло, стабилно, суво и претежно сончево со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
И во Скопје и околината се до петок (15 август) времето ќе биде многу топло, стабилно, суво и сончево со мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во понатамошен пораст и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува до околу 40 степени.
Апелирам, поради многу топлиот Африкански бран, и многу високите температури на воздухот, граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот ден од денот (од 11 до 17 часот) но да пијат и повеќе течности.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by