Многу топло време имаме во овие моменти во нашата Македонија!

Денес (вторник 12 август) во претпладневните часови во нашата Република Македонија имавме сончево и многу топло време, а трендот на пораст на температурите на воздухот ќе продолжи и понатаму во следните неколку часови. Повремено засилува ветер од источен и од североисточен правец.

Најтопло во овие моменти е во Скопје Зајчеврид, Демир Капија  и во Гевгелија со измерени 34 степени.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во овие моменти во нашата Република Македонија. Може да се види дека насекаде кај нас имаме многу топло време  и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ, односно од Африка.







Занимливости

  • 16 Ное 2025

    Поради интензивните врнежи од дожд и силните ветрови што ја погодија Лигурија, во тој италијански регион беа регистрирани околу 252 интервенции на пожарникари. Најголем број интервенции имаше во Џенова, каде што врнежите достигнаа 95 мм за 12 часа. Прогнозите предвидуваат понатамошно влошување на временските услови, со повеќе врнежи во наредните часови, објавува RAI Uno. Во областа Алта Версили, во [...]