МНОГУ СТУДЕН ВОЗДУХ И СИЛЕН ВЕТЕР ВО МАКЕДОНИЈА: Оваа ноќ и утре (сабота) претпладне снег во западните и во северните предели!
Како што претходно најавив и кажав, оваа ноќ и утре (сабота) претпладне особено во западните и во северните предели, освен на планинските и повисоки места, повремен снег ќе има и во пониските места (градовите). Снежна покривка ќе се формира на планинските и повисоките места, а многу мала снежна покривка е можно да се формира и во некои пониски места.
Утре наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, додека преку денот ќе се искачуваат од 1 до 10 степени.
Поради ведрото време, многу студено ќе биде ноќта сабота кон недела и во недела наутро, кога ќе имаме умерени до јаки мразеви, а температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, додека на високите и планинските места тие ќе се спуштаат и под -10 степени.
Инаку, од недела следува период без врнежи и со многу повеќе сонце, наутро останува многу студено, а преку ден температурите ќе бележат тенденција на помал пораст, што значи дека некое поголемо затоплување не очекуваме.
Овој ладен бран од север, ќе предизвика да дува и силен ветер од северен правец, и тоа утре (сабота), повремено и локално со брзина од над 75 км/час.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро (Велика сабота 19 април) во Македонија ни донесе сончево време со релативно високи температури на воздухот, а такво време не очекува целиот овој празничен викенд. На табелата можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.