МНОГУ ПРОМЕНЛИВ ВИКЕНД: Најпрвин натпросечно топло, а потоа продор на ладен воздух од север и врнежи од дожд и снег!
За време на овој викенд продолжува многу променливото време во нашата Република Македонија. Денес (сабота 1 март) сеуште ќе биде релативно топло со натпросечно високи температури на воздухот за овој период од годината. Оособено попладнево ќе има и локални врнежи од дожд, повремено поројни и со услови за појава на ретки грмежи. И во делови од Скопската котлина ќе има услови за повремен пороен дожд во текот на денешното саботно попладне.
Веќе утре (недела 2 март) поради спуштање на поладен воздух од север, на планините со висина од над 1000 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, кој особено долж Повардатието повремено ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.
Поради понатамошното спуштање на ладниот бран од север, утре (недела 2 март) особено во северозападните, северните и во североисточните предели од нашата Република Македонија, снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така повремен снег ќе има и во повисоките населени места во овие делови од нашата Македонија.
Што се однесува до температурите на воздухот, тие денес (сабота 1 март) ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени, додека утре (недела 2 март) тие ќе бидат значително пониски и максималните дневни температури на воздухот кај нас ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 11 степени.
Да напоменам, дека со овој продор на ладен воздух од север, во Скопје ќе има врнежи од дожд, додека на околните планини врнежите ќе преминат во повремени послаби врнежи од снег. И во Скопје утре (недела 2 март) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, а максимумот на температурата ќе се искачи до околу 9 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во текот на оваа ноќ и утре (Вторник 11 ноември) во претпладневните часови на повеќе места во нашата Македонија продолжуваат врнежите од дожд а исто така од север ќе продре поладен воздух проследен со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Поради падот на температурите на високите планински места (над 2000 метри надморска височина) ќе има провејување [...]


by