МНОГУ НЕСТАБИЛНОТО ВРЕМЕ ПРОДОЛЖУВА ВО МАКЕДОНИЈА – СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И НЕВРЕМЕ!

објавено на:

12 Мај 2023

од:

сподели:

Под влијание на циклонска активност од запад, во Македонија продолжува долгиот период на променливо облачно, но ПОТОПЛО време со повремени врнежи од дожд. Во првите денови од следната седмица ќе биде и нестабилно и тоа особено во вторник и на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во вторник локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Исто така во почетокот од следната седмица и тоа поради изразен циклон од запад ќе дува и ЗАСИЛЕН ветер од јужен правец.

Во Скопје исто така продолжува променливото време, а ќе има и појава на повремени врнежи од дожд, додека особено во вторник врнежите ќе бидат поројни и порлседени со грмежи и засилен ветер.

Температурите и тоа поради јужното воздушно струење во следниот период ќе бидат повисоки и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, а од средината на следната седмица во најтоплите централни и југоисточни предели температурите се очекува да се искачат и до 28 степени.

Долготрајна стабилизација на временската состојба на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија нема на видик, што значи дека и понатаму ќе бидеме под чести влијанија на циклонски активности и на влажни воздушни браново – МОЖНИ СЕ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ!

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости