Многу магла и многу ладно по котлините и денес, измерени 47 сантиметри снег на Скијачките центри, снег има и во делови од градовите
Температурна инверзија во Македонија и денес (среда), по котлините е многу магливо и многу поладно, за разлика од високите места, планините и Скијачките центри.

Најниска максимална температура денес до 16 часот попладнево беше измерена во Битола, и тоа 0 степени, најтопло пак беше во Гевгелија со 14 степени. Потопли од котлините денес беа дури и Скијачките центри. На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места низ Македонија попладнево до 16 часот, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку снежната покривка денес изнесува 47 сантиметри на Попова Шапка, 38 сантиметри во Маврово, 13 сантиметри во Битола, 6 сантиметри во Тетово, 3 сантиметри во Берово, 2 сантиметри во Демир Капија, и 1 сантиметар во Штип.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во Македонија имаме локални врнежи од дожд а на повисоките планини со надморска височина од над 1400/1500 метри врнежите се од снег. Табелата која ја објави вечерва УХМР може да ги видите измерените температури по градови и места во Македонија до 19 часот. Инаку на Попова Шапка снежната покривка изнесува над 60 сантиметри.


by