МНОГУ МАЧНО И СПАРНО ВРЕМЕ ПРЕТПЛАДНЕВО: Измерени се 31 степен во Македонија, а атмосферата е исполнета со прашина и песок од Сахара
Денешното претпладне во Македонија е многу мачно и спарно, а сонцето е како од под облак и тоа поради Сахарската прашина и песок која е присутна во атмосферата, што значи дека најавениот облак од прашина и песок од Сахара е веќе тука.
Најтопло во 11 часот во Македонија според УХМР е во Гевгелија, Кавадарци и во Демир Капија со измерени 31 степен, во Скопје се измерени 29 степени и како по обичај најсвежо е во Крушево со измерени 22 степени во 11 часот.
Во продолжение погледнете ги и останатите температури измерени и во другите градови и места низ Македонија во 11 часот претпладнево, и тоа на мерните станици на (УХМР)

Погледнете како изгледа Струга претпладнево со Сахарската прашина и песок

Може ќе ве интересира
Занимливости
Во следните денови Македонија ќе биде под влијание на променливо и нестабилно време, проследено со повремени врнежи од дожд, локални грмежи и засилен ветер. Времето ќе се менува често, па покрај сончевите периоди ќе има и услови за развој на нестабилна облачност, особено во попладневните и вечерните часови. Температурите ќе се движат од 18°C до 25°C, со посвежи утра [...]

by