Многу ладно утро во нашата Македонија, измерени се речиси -10 степени!
Денешното саботно утро во нашата Република Македонија донесе ведро и многу ладно време, по котлините има локална појава на магла или на ниска облачност, а е претежно тивко. Најниска температура од речиси -10 степени е измерена во Берово, и тоа до 7 часот утринава. Највисока минимална температура ова утро е измерена во Претор, и тоа -2 степени.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места низ Македонија до 7 часот утринава, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку, снежната поркивка утрово изнесува 31 сантиметар на Попова Шапка и 13 сантиметри во Маврово.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Според она што можам да го кажам со најновото ажурирање на прогностичките материјали е тоа дека околу и по Водици Македонија ќе влезе во нов влажен и ладен период. Во ваква ситуација повторно очекувам појава на врнежи, повремено пообилни и тие ќе бидат од дожд и од снег а повремено ќе врне и само снег и очекувам ново формирање [...]


by