Многу ладно денешното утро (среда 19 март) во Македонија, најниската температура изнесува дури -13 степени!
Во овие рани утрински часови во нашата Република Македонија имаме претежно ведро и многу ладно време со многу ниски температури на воздухот, кои се потпросечни за овој период од годината. Најладно ова утро е на Попова Шапка со -13 степени. Инаку, буквално насекаде ова утро имаме негативни минусни температури на воздухот.
Овие ниски минусни температури на воздухот особено многу лошо ќе се одразат врз овошките, поради тоа што и тоа како се во фаза на будење и на расцутување.

На Метеоролошката карта можете да ги видете температурите измерени во овие рани утрински часови низ Македонија, и тоа до 4 часот.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во текот на оваа ноќ и утре (Вторник 11 ноември) во претпладневните часови на повеќе места во нашата Македонија продолжуваат врнежите од дожд а исто така од север ќе продре поладен воздух проследен со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Поради падот на температурите на високите планински места (над 2000 метри надморска височина) ќе има провејување [...]


by